март 31, 2020

Сајбер криминал од омраза

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(46) од охридското село Подмоље, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 26.11.2019 на социјалната мрежа „Фејсбук” напишал недолични коментари, ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што поттикнувал омраза, дискриминација или насилство, предизвикувајќи чувство на страв и несигурност.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Модел на претходни инциденти – повикување и ширење на етничка омраза и повикување на насилство преку социјалните мрежи е се почест начин на извршување на дела од омраза.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Сајбер криминал од омраза image