Што се случило: Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Ј.(61) од с.Чешиново и Д.А.(36) од с.Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавените, во текот на 2019 од „Фејсбук“ профилот на С.Ј., во јавноста ширеле фотографии и статуси со кои се промовирала или поттикнувала омраза и насилство.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
- Модел на претходни инциденти – повикување и ширење на етничка омраза и повикување на насилство преку социјалните мрежи е се почест начин на извршување на дела од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.