Што се случило: Во близина на железничката станица во Демир Капија, група од неколку непознати
сторители извршила разбојништво над бегалец од Ирак. Откако виделе дека бегалецот спие,
почнале да го удираат со тупаници и клоци по телото и главата, по што му одземале мобилен
телефон и 50 евра.
Датум, време и место на инцидентот: 29 јануари, околу 23 часот, во близина на железничката
станица во Демир Капија.
Извор на информации: Електронски медиум Плусинфо.
Инволвирани жртви: Еден Ирачанец.
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвата е припадник на група (ирачки мигрант) која е убедливо помалубројна од припадници од
групата на граѓани во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против шест лица за кривично дело „Разбој-
ништво“.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Велес
биле преземени мерки и активности и по целосното документирање на настанот, до Основното
Јавно Обвинителство Велес била поднесена кривична пријава против шест лица поради постоење
основи на сомнение дека сториле кривично дело „Разбојништво“ по член 237 ст.1 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.