Што се случило: Во с. Пласница, при одржување на јавен собир во организација на политичка партија
ДУИ, односно во формирана колона од возила која се движела од с. Лисичани низ с. Преглово кон
с. Пласница, кога пристигнале во близина на штабот на ДУИ, кој се наоѓа на сред село, од колоната
на возила во движење биле испукани неколку куршуми од огнено оружје најверојатно пиштол.
Истата вечер, околу 20.00 часот во с. Лисичани, додека се одржувал јавен собир на кој говорел
градоначалникот на с. Пласница, непознато лице испукало неколку истрели од огнено оружје.
Датум, време и место на инцидентот: 12 октомври, 20:50 часот, партиски штаб на политичката
партија ДУИ во с. Пласница.
Извор на информации: Дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување општа опасност
(Член 288, КЗ)
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Време на случување на инцидентот – непосредно пред пукањето во штабот на политичката
партија ДУИ, се одржал јавен собир на кој говорел градоначалникот на с. Пласница, за време на
кој собир непознато лице испукало неколку истрели од огнено оружје.
3. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните
денови, кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,
ДПСМ, БЕСА и ДУИ.
Статус на случајот: Не е регистриран.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на Барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати во врска со овој инцидент, МВР извести дека ваков настан не бил евидентиран во
евиденциите со кои располага Министерството.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.