Што се случило: Незадоволни од донесување на Законот за употреба на јазиците, група граѓани
протестирале пред домот на пратеничката на СДСМ Татјана Прентовиќ.
Датум, време и место на инцидентот: 16 март, во вечерните часови, нас. Драчево, пред домот на
пратеничката Татјана Прентовиќ.
Извор на информации: електронски медиум: емагазин.мк, електронски медиум слободнаевропа.мк
Инволвирани жртви: пратеничката Прентовиќ
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144 од КЗ на РСМ), Насилство (Член 386, КЗ на
РСМ)
Сторители: Група од триесетина сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичка
припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одоговорот кој го добивме од МВР, овој случај воопшто не е
евидентиран (иако на фотографиите од изворот се гледа дека имало полициско обезбедување).
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.