март 18, 2018

Протести пред домот на пратеникот Велковски

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Незадоволни од донесување на Законот за употреба на јазиците, група граѓани
протестирале пред домот на пратеникот Велковски.

Датум, време и место на инцидентот: 18 март, во
вечерните часови, нас. Аеродром пред домот на пратеникот Велковски.
Извор на информации: електронски медиум: курир.мк, дневен весник Вечер
Инволвирани жртви: пратеникот Велковски
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144 од КЗ на РСМ), Насилство (Член 386, КЗ
на РСМ)
Сторители: Група од десетина сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одоговорот кој го добивме од МВР, овој случај воопшто не е
евидентиран ( иако од фотографиите се гледа дека има полициско обезбедување).
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Адреса
нас. Аеродром
Име на Локација
нас. Аеродром

Број на жртви
1
Број на сторители
10
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Насилство
Име на Локација
Дома
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Протести пред домот на пратеникот Велковски image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност