Што се случило: На 20.09.2020 година околу 00:15 часот, А. Р. (26) (припадник на навивачка група) додека бил со други лица во Градски парк бил нападнат од О.С. (24) и А.Б. (18) (припадници на навивачка група), а првопријавениот О.С. го нападнал со нож. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, а сторителите се приведени.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло и локацијата каде се случил нападот (градскиот парк), како и фактот што е помеѓу навивачки групи, а пристрасните индикатори се:
- Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите се од различна етничка заедница;
- Модел на претходни инциденти – претходни напади на луѓе во близина на стадионот и напади помеѓу навивачки групи
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и влијаат на етничката поларизација што придонесува за дополнителни зголемувања на делата од омраза заради различна етничка припадност. Прободеното 26-годишното момче итно било префрлено во приватна клиника поради тешки телесни повреди и сè уште се опоравува од повредите.