јули 21, 2018

Прободен 17-годишник во автобус, бил член на Комитите

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 21.07.2018 година околу 23,15 часот во градски автобус со број 22, кој сообраќал на
релација Центар – Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров, вербална расправија на две
групи прераснала во физичка пресметка, при што бил повреден еден од учесниците бил повреден со
нож. Повредениот е малолетник (17). Две лица се приведени во полициска станица. На социјалните мрежи
кружат информации дека нападнатиот е член на навивачката група на фубалскиот клуб Вардар – Комити,
а двајцата напаѓачи се дел од ривалската навивачка група Шверцери на Шкупи од Чаир. Полицијата
презема мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 21.07.2018 година околу 23,15 часот градски автобус со број 22, кој
сообраќал на релација Центар – Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум спортклуб.мк, ипортал.мк
Инволвирани жртви: едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: повеќе непознати сторители, 2 лица идентификувани.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата била од македонска етничка припадност и бил член на
навивачка група Комити, а напаѓачите наводно биле од албанска етничка заедница и членови на
навивачка група на Шверцери;
2. Модел на претходни инциденти – конфликтни ситуации и судири помеѓу навивачки групи од
различна етничка припадност
3. Локација- инцидентот се случил во автобус бр. 22, додека поминувал низ населбата Ѓорче Петров

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затварње на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР. ( Одговор
од МВР добивме во Јануари 2019, случајот е евидентиран како прекршок по ЗППЈРСМ доставено
известување до ЈО)
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).

Адреса
Ѓорче Петров, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
градски автобус број 22, кој сообраќа на релација Центар - Волково

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Прободен 17-годишник во автобус, бил член на Комитите image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност