август 10, 2014

Претепување на 15-годишник во Скопје, таткото тврди поради етнички мотиви (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На раскрсницата помеѓу ул. „Ферид Бајрам“ и ул. „Рокомија“ во Скопје, 15-годишно
момче било нападнато од група на неколку млади лица, кои му нанеле телесни повреди. Таткото
на момчето тврди дека во прашање е етничка пристраност.

Датум, време и место на инцидентот: 10 август, 02:40 часот, Скопје.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум „плусинфо.мк“ (plusinfo.mk.).
Вклучена(и) жртва(и): Едно 15-годишно момче од македонска етничка припадност.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда Чл. 130 КЗРМ, Загрозување на сигурноста (Чл.144),
Насилство (Чл.386).
Сторител(и): Група непознати сторители.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Перцепција на сведок/жртва – Врз основа на изјавите дадени за медиумите, може да се заклучи
дека жртвата смета дека овој инцидент бил мотивиран од пристраност.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Поднесени се кривични пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информации од јавен карактер,на барањето испратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека поднеле
кривична пријава против двајца сторители за делото „Насилство“ .Сепак, нема одговор во врска
со фактот што укажува на можниот мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.

Адреса
ул. „Ферид Бајрам“ и ул. „Рокомија“ во Скопје
Име на Локација
ул. „Ферид Бајрам“ и ул. „Рокомија“ во Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Претепување на 15-годишник во Скопје, таткото тврди поради етнички мотиви (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност