Што се случило: 13 годишен малолетник, припадник на македонската заедница, бил претепан од
страна на 7 ученици припадници на албанската заедница од друго училиште, додека на автобуска
постојка чекал автобус за да замине дома од училиште. Малолетникот бил претепан и удиран и
откако ја изгубил свеста, по што се здобил со телесни повреди. Малолетникот и претходниот ден
бил вознемируван од страна на еден од напаѓачите.
Датум, време и место на инцидентот: 22 март, околу 10 часот, автобуска постојка во близина на
училиштето “Толи Зордумис”, Куманово.
Извор на информации: Телевизија Телма.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од 7 малолетни Албанци.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – мешан етнички состав на учениците кои учат во наведеното
училиште
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.
Статус на случајот: Поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на
СВР Куманово до Основен Суд Куманово, Судија за малолетници, било поднесено Барање за
поведување на прекршочна постапка.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.