Што се случило: Група од десетина непознати сторители нападнала 16-годишно момче пред
средното училиште „Живко Брајковски“ во Гостивар. Едно 22-годишно машко лице се обидело да
се вмеша и да ја одбрани жртвата, но напаѓачите го нападнале и него. 16-годишното момче имал
полесни, а 22-годишникот потешки повреди.
Датум, време и место на инцидентот: 15 септември, 21:00 часот, пред средното училиште „Живко
Брајковски“ во Гостивар.
Извор на информации: Медиум Телма.
Инволвирани жртви: Двајца млади луѓе, од кои едниот е малолетник.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ),
„Тешка телесна повреда“ (член 131, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група од десетина млади луѓе.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена од
луѓе со мешан етнички состав;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени прекршочни пријави.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле прекршочни пријави против
тројца сторители.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.