Што се случило: Група непознати сторители нападнала две момчиња без каков било мотив или
причина.
Датум, време и место на инцидентот: 12 август, 01:00 часот, во близина на трговскиот центар
Мавровка, Скопје.
Извор на информации: Медиум Телма.
Инволвирани жртви: Двајца млади луѓе, од кои едниот е малолетник.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група млади луѓе.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена од
луѓе со мешан етнички состав;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека се преземаат неопходни мерки за
расветлување на овој случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.