Што се случило: Неколку маскирани сторители, оружени со безбол палки, нападнале две лица од
Скопје во автобусот од јавен градски превоз бр. 65, нанесувајќи им телесни повреди.
Датум, време и место на инцидентот: 13 септември, 01:00 часот, Јавен градски превоз линија
бр.57, Ченто, Скопје.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум „нетпрес.ком“ (netpress.com).
Вклучена(и) жртва(и): Две лица со непозната националност.
Вид на кривично дело(а): Учество во тепачка (Чл.132), Насилство (Чл.386), Телесна повреда
(Чл.130).
Сторител(и): Непозната група на сторители.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка основа – Поради мешаниот етнички состав
на населението во селото Раштак (селото до кое патува автобуската линија бр. 65) и другите
транзитни постојки на линијата на автобусот бр. 65, етничката припадност на жртвата можно е да
била различна од онаа на сторителите.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека е поднесен Извештај за примање
кривична пријава против непознат сторител за кривично дело Насилство.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.