Што се случило: Претседавач на Комисија за избори во месната заедница во с.Долно Српци пријавил во СВР-Битола дека на 22.04.2022 година во 23:00 часот, во објект каде што се одвивал избирачки процес за советници во месната заедница, група од над 50 лица го прекинале избирачкиот процес, а притоа нему и на останатите членови на избирачката комисија им се заканувале и ги навредувале. За настанот бил информиран јавен обвинител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
- Модел на претходни инциденти – честопати за време на избори се регистрираат инциденти од слична природа.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна и политичка состојба во државата.
Број на жртви
5
Број на сторители
15
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Име на Локација
Друга јавна локација