декември 3, 2014

Полициски службеник и членови на навивачки клуб, повредени во Тетово (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Група од околу 30-40 членови на навивачкиот клуб на ФК „Вардар“ – „Комити“
пристигнале на стадионот ненајвени и се обиделе да влезат и да го гледаат мечот помеѓу
ФК „Ренова“ и ФК „Вардар“. Организаторот на натпреварот не им дозволил да влезат, а во
меѓувреме околу нив се собрала поголема група од навивачи од спротивниот тим. Дошло до
вербална расправија и размена на навреди, проследена со фрлање камења помеѓу членови од
двата навивачки клубови. Полицијата интервенирала, спречувајчи понатамошна ескалација на
инцидентот. Еден полициски службеник бил повреден. Според „Комити“, неколку од нивните
членови претрпеле повреди како резултат на полициската интервенција.

Датум, време и место на инцидентот: 6 декември, 13:30 часот, градскиот стадион во Тетово.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „А1он.мк“ (A1on.mk) и „екипа.мк“
(ekipa.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Еден полициски службеник.
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386), Учество во тепачка (Чл.132), Загрозување на
сигурноста (Чл.144), Загрозување со опасно орудие при течачка или караница (Чл.133) Напад врз
службено лице при вршење работи на безбедноста (Чл. 383).
Сторител(и): 30-40 членови на навивачкиот клуб „Комити“ и непознат број на навивачи за ФК
„Ренова“.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничкото потекло, државјанството или јазикот, додека индикаторите на
пристраност се:
1. Разлика помеѓу етничката припадност на жртвата и сторителот.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Време – инцидентот се случил пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Ренова“ и ФК „Вардар“.
4. Локација и време – На инцидентот му претходело присуство на малцинска група (македонски
навивачи) во доминанта албанска средина.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека ги преземаат потребните мерки за
целосно разјаснување на случајот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.

Адреса
градскиот стадион во Тетово
Име на Локација
градскиот стадион во Тетово

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Полициски службеник и членови на навивачки клуб, повредени во Тетово (верифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда Тешка телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана Превенција или нарушување на јавниот собир
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност