Што се случило: На 17.09.2020 околу 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Златко Шнајдер“ во Скопје, две лица кои биле со мотоцикл, со метални предмети го нападнале Љ.П.(56) од Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичката припадност поради тоа што жртвата е водач на граѓанското движење „Трета“. Тој е и еден од лидерите на протестите против промена на името на земјата и е член на политичката партија „Глас за Македонија“, а пристрасните индикатори се:
- Политичка припадност – жртвата и напаѓачите имаат различни политички уверувања
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и влијаат на политичката поларизација што придонесува за дополнителни зголемувања на делата од омраза заради различна политичка припадност