мај 8, 2020

Поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(25) од с.Букојчани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 08.05.2020 на објава на официјален профил на МВР, пријавениот напишал коментар со заканувачка содржина, со што поттикнал ширење омраза, дискриминација или насилство.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” image