Што се случило: На 25.12.2018 година околу 09,50 часот од Градска општа болница „Свети Наум
Охридски“, било пријавено дека кај нив, било донесено 17- годишно лице од Скопје, со убодна рана
во пределот на левото рамо. Повредата му била нанесена од 15- годишно лице од Скопје во средното
училиште „Арсени Јовков“, каде двајцата се ученици. Се преземаат мерки за целосно расчистување на
настанот.
Датум, време и место на инцидентот: 25.12.2018 година, во ДСУ Арсениј Јовков во Чаир, Скопје.
Извор на информации: Билтен на МВР.
Инволвирани жртви: 1 малолетник (16 год.).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: едено лице малолетник (15 год.).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пред училишниот
двор на средно училиште кое се наоѓа во Чаир (мешана етничка среднина) пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – нападнатиот малолетник и малолетниците напаѓачи се од
различно етничко потекло (македонци и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – судир и конфликт помеѓу ученици од различно етничко потекло
особено во главниот град се случува многу често. Ваквите судири најчесто се случуваат помеѓу
деца од македонско и албанско етничко потекло, додека другите заедници поретко или никогаш не
се инволвирани во вакви инциденти.
3. Место – Инцидентот се случил во средно училиште и во населено место каде живее мешано
етничко население и учат ученици од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затварње на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).