Што се случило: На 25.05.2018 година околу 23.10 часот, во автобус бр.65 неколку непознати лица физички
нападнале 16-годишно момче. Сторителите се качиле во автобусот во с.Стајковци и веднаш го нападнале
момчето. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 25.05.2018 година околу 23.10 часот, во автобус бр.65, во с. Стајковци.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата е малолетник а со напаѓачите се од различно етничко
потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на малолетни лица во автобус
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).