Што се случило: На 13.05.2019 година во 15.12 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден 13-годишен ученик од основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Бутел ( мешано училиште со албанци, македонци и турци). По преземени мерки било утврдено дека во спортската сала во училиштето ученикот бил физички нападнат од повеќе ученици од истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 13.05.2019 година во 15.12 часот од основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Бутел
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум https://press24.mk/osnovec-zavrshi-na-skopskite-kliniki-go-napadnale-na-chas
Инволвирани жртви: една малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РМ)
Сторители: повеќе малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1.Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2.Локација-настанот се случил во основно училиште во кое учат ученици од различни етнички заедници.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: полицијата работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се одразуваат на развојот и безбедноста на децата.