Што се случило: Две лица биле повредени во тепачка во строгиот центар на Скопје. На
автобуската станица кај Народна банка се степале две групи при што биле повредени две лицата,
од кои едното од село Бразда и едното од Сопиште. Едниот од повредените е 17 годишен а
додека другиот е 19 годишен. Екипата на ТВ 24 во моментот на инцидентот била присутна на
местото каде забележала присуство на возило на итната медицинска помош, како и полиција
која не дозволувала пристап на екипата до самото место. Според информациите пренесени во
медиумите, во физичката пресметка бил повреден синот на еден од градоначалниците на една
скопска општина. Медиумот пренесува и дека малолетникот бил згрижен во Клиничкиот центар
со повреди во предниот дел на главата, а потоа во Ургентниот центар било донесено и другото
лице, како и дека МВР работи на целосно расчистување на случајот. Според новинарката на „Ал
Џезира Балканс“, Милка Смилевска, инцидентот е сторен од страна на припадници на албанската
заедница, како одмазда за инцидентот со физичкиот и вербален напад над студентка Албанка на
Плоштадот „Македонија“ во Скопје (http://www.zlostorstvaodomraza.com/reports/view/377). Таа
информацијата за тоа ја добила лично во Ургентниот центар Скопје.
Датум, време и место на инцидентот: 28 февруари, околу 19 часот, на автобуска станица кај
Народна банка, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум 24Вести, facebook профил на новинарката Милка
Смилевска од Ал Џезира Балкан.
Инволвирани жртви: Две лица, од кои едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од неколку лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – поради местоположбата на инцидентот кој се
случил на автобуска постојка, каде застануваат автобуси кои транзитираат во области со мешан
етнички состав, се претпоставува дека етничката припадност на сторителите е различна од онаа
на жртвите
2. Природа на насилство – се претпоставува дека овој инцидент е одмазда за инцидент од пет дена
претходно, кога група од неколку машки лица физички и вербално нападнаа студентка Албанка
во центарот на Скопје;
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против едно лице за извршено кривично дело
„Насилство“ согласно чл.386 од КЗ.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по преземените мерки
и активности, од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје доставена е
кривична пријава (КУ број 2283/17) против едно лице за извршено кривично дело „Насилство“
согласно чл.386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
во заедницата.