Што се случило: Повеќе лица биле повредени во Свети Николе кога полициски службеник од
Полициската станица Свети Николе, кој не бил работно ангажиран и група граѓани го нарушиле
јавниот ред и мир при прославата на победата на кандидатот за градоначалник на Свети Николе.
Повредени биле повеќе лица и истите побарале помош во Здравствениот дом во Свети Николе
Датум, време и место на инцидентот: 16 октомври, 00:10 часот, центар на Свети Николе.
Извор на информации: Електронскo издание на весникот „Нова Македонија“.
Инволвирани жртви: Група лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ).
Сторители: Едно лице.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Време на случување на инцидентот – настанот се случил за време на прославувањето на
победата на локалните избори на кандидатот за градоначалник на Св. Николе на плоштадот во
Св. Николе
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: МВР во неговиот одговор кон Барањето за информации од јавен
карактер доставено до МХК во врска со овој инцидент го потврди инцидентот, истакнувајќи дека по
овластување на јавниот обвинител бил извршен увид на лице место, биле извршени разговори со
инволвираните лица, прибрани сознанија од сведоци и била обезбедена медицинска документација
од медицинските лица во Здравствениот дом Свети Николе. Прибраните известувања заедно
со изготвената службена белешка се доставени до ОЈО Свети Николе, кое постапува и работи
на расчистување на настанот, додека целокупната документација за преземените мерки била
доставена и до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди- Одделение Штип.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.