Што се случило: 25 годишно лице од Студеничани било брутално нападнато од неколку непознати
лица. Нападот се случил кај „Југодрво“ во Скопје, каде лицето чекало автобус за Студеничани.
Според неговите кажувања пренесени во медиумите, лицата кои го тепале биле фанови на „Вардар“
кои тргнале да слават на плоштад за победата на „Вардар“ во лигата на европските ракометни
шампиони. Имено, од автобусот број 5 се симнале неколку лица и и го прашале дали е Албанец.
Кога им потврдил почнале да го удираат. Едно лице го фатило и држело, додека другото го удирало.
Потоа, му ја соблекле кошулата и со нож му исцртале неколку крстови напред и назад по телото.
Лицата биле петмина и од нив четворица го тепале, а едниот не се доближил. Носеле маски, шалови
со државни обележја и дресови на „Вардар“. После нападот заминале накај плоштадот.
Датум, време и место на инцидентот: 4 јуни, 22:00 часот, кај „Југодрво“, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Alsat-М.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Пет лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата била нападната откако потврдил дека е Албанец;
напаѓачите на себе имале симбол-државното знаме;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека СВР Скопје до Основното
јавно обвинителство Скопје доставил Записник за примање пријава (КУ бр. 5225/17) за пријавено
дело „Насилство“ согласно чл.386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата безбедносна
состојба, како и етничкиот соживот помеѓу двете најголеми заедници во земјата.