април 21, 2019

Оштетување на шанк пред штаб на политичка партија во с.Миравци Гевгелија

Инцидент

Што се случило: На 21.04.2019 година во 08.00 часот во Пoлициската станица Гевгелија било пријавено дека во
периодот од 22.00 часот на 20.04.2019 до 07.00 часот на 21.04.2019 година во село Миравци непознат сторител
извршил оштетување на импровизиран шанк пред објект во кој е сместен штабот на политичка партија. Извршен
бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 21.04.2019 година штаб на политичка партија- Миравци Гевгелија
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: нема идентификуван сторител.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: : Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичка
припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – политички/општински објект
2. Модел на претходни инциденти – Пред секои изброи се регистрираат ваков вид на инциденти.
Статус на случајот: непознат одговор на локалните власти: се работи на расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата политичка
и безбедносна состојба во земјата.

Адреса
село Миравци
Име на Локација
Гевгелија

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие веднаш го забележаа инцидентот
Оштетување на шанк пред штаб на политичка партија во с.Миравци Гевгелија image

Основа

Политичка припадност