Што се случило: Свештените лица укажуваат дека на 10.03.2018 година се случиле инциденти со
оштетување на црквен имот, поточно испишување на сатанистички графити на ѕидот на црквата Св. Спас
во Драчево. Вакви инциденти се случиле и претходно, а случаите се пријавени во полициска станица и
во општината Кисела Вода. Свештените лица ги оквалификуваат како сериозни инциденти кои не може
туку така да се препишат само на малолетни лица.
Полицијата трага по сторителите.
Датум, време и место на инцидентот: 10.03.2018 година црква Св. Спас Драчево Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум ако.мк. Инволвирани жртви: Освен
материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ). Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е религија
и верско уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходно се регистрирани инциденти на оштетување на
црковен имот и верски обележја.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор идентичен како во дневниот билтен
на министерството, односно дека е излезено на местото на настанот и дека се преземаат мерки за
целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање соживотот и општата
стабилност во земјата.