јули 10, 2020

Оштетување на партиски штаб на ул.„Среќко Пужалка“

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: На 10.07.2020 во 10.20 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на ул.„Среќко Пужалка“ во Скопје било извршено оштетување на штаб на политичка партија, односно на предниот дел на стаклото биле испишани графити со навредлива содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е политичката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Целна локација – политички/општински објект
  2. Модел на претходни инциденти – Пред секои изброи се регистрираат ваков вид на инциденти.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна и политичка состојба во државата.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Оштетување на партиски штаб на ул.„Среќко Пужалка“ image