Што се случило: На 23.03.2018 година во 16.00 часот во Полициската станица Охрид од граѓанин било
пријавено дека непознато лице врши оштетување верски објект-гроб на ул. „Гоце Делчев“ спроти Хајдар
Пашина џамија. Од извршениот увид било утврдено дека околу 15.50 часот непознатиот сторител ја
искршил покривката од ќерамиди на Турбе (гроб на незнаен муслимански светец), по што побегнал.
Од преземените мерки било утврдено дека сторител на делото е Е.Ш.(38) од Охрид. Тој бил пронајден,
лишен од слобода и задржан во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.
Датум, време и место на инцидентот: 23 март, околу 16:00 часот, во Охрид кај Хајдар пашина џамија.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Сквернавење на гроб (Член 400,
КЗ на РСМ), Предизвикување на омраза, раздор и нетрпеливост на нацинална, расна, верска и друга
основа (Член 319, КЗ на РСМ)
Сторители: непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
2. Модел на претходни инциденти – и претходно се сквернавеле и уништуале верски објекти и
гробишта
3. Место – Инцидентот се случил во близина на Хајдар пашина џамија.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР,наведено е дека поднесена е
кривична пријава до надлежното ОЈО за кривично дело Сквернавење на гроб (Член 400, КЗ на РСМ)
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање