Што се случило: Во утринските часови, непознат сторител го оштетил штабот на политичката
партија СДСМ во село Бардовци. Непознатиот сторител со камен искршил две стакла од објектот.
Датум, време и место на инцидентот: 14 декември, партиски штаб на СДСМ во Бардовци, Скопје
Извор на информации: Електронски медиум 24вести.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е партиски штаб на најголемата опозициска партија;
2 .Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
оштетување на партиски штабови во предизборниот период
Статус на случајот: Затворен.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека пријавителот бил
запознаен дека извршеното кривично дело „Оштетување на туѓи предмети“ се гони по приватна
тужба и за истото треба да достави записник во надлежната полициска станица и истиот во
неколку наврати бил контактиран од страна на полициски службеници од ПС ОН „Карпош“, по
што изјавил дека не сака да поднесе пријава и се откажува од понатамошна постапка.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.