октомври 10, 2017

Оштетен штаб на политичката партија ГРОМ во с.Бардовци (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Изборниот штаб на политичката партија ГРОМ во скопското село Бардовци бил
оштетен откако непознато лице фрлило тврд предмет со што било искршено едно стакло од
излогот.

Датум, време и место на инцидентот: 10 октомври, 20:15 часот, партиски штаб на политичката
партија ГРОМ во Бардовци.
Извор на информации: Фокус.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните
денови, кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,
ДПСМ, БЕСА и ДУИ.

Статус на случајот: Затворен; пријавителот немал интерес да поднесе пријава за инцидентот.
Одговор на локалните власти: МВР даде одговор на Барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати во врска со овој инцидент, со кој потврдува дека инцидентот настанал со
фрлање со камен од страна на непознато лице кон изборниот штаб на партијата „ГРОМ“, а веднаш
по пријавата на настанот полициските службеници од ПС „Карпош“ излегле на локацијата, но по
телефонскиот контакт со пријавителот од негова страна било истакнато дека не сака и нема да
поднесе записник за примање на пријава за извршено оштетување.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.

Адреса
скопско село Бардовци
Име на Локација
штаб на политичка партија ГРОМ

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Оштетен штаб на политичката партија ГРОМ во с.Бардовци (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност