октомври 14, 2017

Оштетен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Непознат сторител со камења извршил оштетување, односно искршил стакло од
штабот на „ВМРО – ДПМНЕ“, лоциран на улицата „Цветан Димов“. .

Датум, време и место на инцидентот: 14 октомври, 00:30 часот, партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ
во Чаир, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Нетпрес.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните
денови, кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,
ДПСМ, БЕСА, ДУИ и ГРОМ.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во доставениот одговор на МВР по Барањето за информации од
јавен карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент, но не се изнесуваат повеќе детали
во однос на преземените мерки и активности за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.

Адреса
Чаир, Скопје
Име на Локација
партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Оштетен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност