Што се случило: Непознати сторители извршиле оштетување на стаклата на просториите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Датум, време и место на инцидентот: 23 ноември, во ноќните часови, партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ на улицата „Маршал Тито“ во Неготино.
Извор на информации: Електронски медиум Телеграф
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е партиски штаб на владејачката партија;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по пријавувањето на настанот извршен е увид и за истото е доставено известување до ОЈО Кавадарци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка стабилност во земјата.
55. Оштетен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино (потврдено)
Што се случило: Непознати сторители извршиле оштетување на стаклата на просториите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на улица „Партизанска“ во Неготино. Ова е второ оштетување на штаб на оваа партија во Неготино, откако претходно беа искршени стаклата на друг партиски штаб на улицата „Маршал Тито“:
Датум, време и место на инцидентот: 23 ноември, во ноќните часови, партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино.
Извор на информации: Електронски медиум Телеграф
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
2. Целна локација – целна локација е партиски штаб на владејачката партија;