октомври 2, 2017

Оштетен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Битола (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Во Битола, на ул.„Црвени Стени“ било скршено стакло на влезната врата од
месна канцеларија на политичката партија „ВМРО-ДПМНЕ“.

Датум, време и место на инцидентот: 02 октомври, 20:30 часот, партиски штаб на политичката
партија ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
Извор на информации: Електронски медиум Шеталиште.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните
денови, кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,
ДПСМ и БЕСА.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека се работи за кривично дело
„Оштетување туѓи предмети“ кое се гони по приватна тужба, како и дека СВР Битола работи на
расветлување на настанот и откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.

Адреса
ул.„Црвени Стени“
Име на Локација
штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Оштетен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Битола (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност