октомври 3, 2017

Оштетен штабот на ДУИ во Скопје (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Непознат сторител искршил две прозорски стакла и стаклена врата на штабот на
политичката партија ДУИ, на улица “Тале Христов“ во Скопје-Север.

Датум, време и место на инцидентот: 03 октомври, 15:00 часот, партиски штаб на политичката
партија ДУИ во Скопје- Север.
Извор на информации: Електронски медиум Прес24.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2.Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните денови,
кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПСМ и БЕСА.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на Барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати во врска со овој инцидент, МВР укажа дека бил земен записник за примање
на пријавата за настанот и службена белешка, а од страна на Единицата за увид на местото на
настанот била извршена крим-техничка обработка.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации
за политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа
делува.

Адреса
улица “Тале Христов“ во Скопје-Север
Име на Локација
партиски штаб на политичката партија ДУИ

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Оштетен штабот на ДУИ во Скопје (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност