Што се случило: Во Скопје на ул. „Востаничка“, Во објект во кој се наоѓа штабот на политичката
партија „ВМРО ДПМНЕ“ во Скопје, од страна на неколку непознати лица биле искршени стаклата
од влезната врата и страничните стакла од двете страни на вратата.
Датум, време и место на инцидентот: 30 април, околу 01:30 часот, партиски штаб на ВМРО-
ДПМНЕ на ул.Востаничка, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Репортер.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на владејачката партија;
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
Барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.