Што се случило: Непознат сторител извршил оштетување на билборд на кој бил поставен
материјал на ДУИ на раскрсницата од улиците „11 Октомври“ и „11 Ноември“ во Куманово.
Датум, време и место на инцидентот: 25 ноември, околу 12:30 часот, ул. ЈНА, Куманово.
Извор на информации: Електронски медиум Kumanovonews.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Оштетен објект – на билбордот бил поставен материјал од политичката партија ДУИ;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на оштетување
на билборди со политичка содржина во предизборниот период
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по пријавувањето на
настанот од страна на УПС од СВР Куманово бил извршен преглед на поставениот билборд на
ул.11ти Окотомври и 11ти Ноември во Куманово, при што било констатирано дека од страна на
непознат сторител/и, од двете страни била искината плакетата поставена на билбордот. Настанот
бил фото документиран од страна на увидна екипа при СВР Куманово и за истиот бил запознаен
Јавен обвинител од ОЈО Куманово. Дополнително, во одговорот е наведено дека се преземаат
мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.