Што се случило: Непознат сторител со тврд предмет оштетил едно странично стакло на автобус со
тетовски регистарски ознаки. Во автобусот се превезувале навивачи на ФК „Шкендија“ од Тетово.
Во инцидентот нема повредени лица. Според порталот „Iliria News“, напаѓачите биле припадници
на македонската заедница.
Датум, време и место на инцидентот: 13 март, околу 13:40 часот на ул. „Методија Андонов – Ченто”,
Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум МКД, електронски медиум Iliria News.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – можно е инцидентот да е предизвикан од
навивачи со различно етничко потекло од она на навивачите кои се превезувале со автобусот.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Тетово
бил сочинет записник за примање на кривична пријава за кривично дело „Оштетување на туѓи
предмети“ кое дело се гони по приватна тужба и истиот бил доставен до СВР Скопје, каде се
преземаат мерки за откривање на сторителите на кривичното дело.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата и безбедноста на луѓето присутни на или во близина
на спортски натпревари.