Што се случило: Извршена тешка кражба во просториите на Демократската партија на Србите на
бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, при што од работните бироа од канцелариите биле одземени 100.000
денари, фотоапарат „Никон“, манжетни за кошула „Сваровски“, а сторителот незабележан од
никого се упатил во непознат правец.
Датум, време и место на инцидентот: 27 септември, 09:30 часот, партиски штаб на ДПСМ во
Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Плусинфо.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните
денови, кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
3. Перцепција на лице инволвирано во настанот – претседателот на ДПСМ Иван Стоиљковиќ, во
изјава за медиумите наведе дека се работи за обид за политички притисок и застрашување на
членството
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на МВР доставен во врска со Барањето за
информации од јавен карактер испратен од МХК, се истакнува дека на 27 септември 2017 година
околу 09:30 часот било пријавено дека истиот ден во просториите на ДПСМ од страна на непознат
сторител била извршена тешка кражба. По ова, од страна на Одделението за имотни деликти
и малолетничка деликвенција „Центар-Бит Пазар“ до ОЈО Скопје било доставено Писмено
известување бр.28.13.4-5069 од 11 декември 2017 година.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации
за политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа
делува.