март 29, 2016

Оштетени партиските простории на ДПСМ во Куманово (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Непознати сторители го демолирале партискиот штаб на Демократската
партија на Србите во Македонија (ДПСМ). Штабот според првичниот увид не е ограбен, со оглед
на тоа дека целосната компјутерска опрема, печатари и проектори се во штабот, но целосната
документација е расфрлана наоколу.

Датум, време и место на инцидентот: 29 март, околу 23:30 часот, штаб на ДПСМ, Куманово.
Извор на информации: Електронски медиум Кумановски муабети.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија;

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против едно лице.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека била поднесена кривична
пријава против едно лице поради постоење на основ на сомнение дека сторило кривично дело
„Тешка кражба“. Дополнително, во одговорот е наведено и дека мотивите за горенаведените нас-
тани ќе бидат утврдени во текот на натамошната постапка.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Адреса
штаб на ДПСМ, Куманово
Име на Локација
штаб на ДПСМ, Куманово

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Оштетени партиските простории на ДПСМ во Куманово (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Грабеж Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност