Што се случило: Непознати сторители ја вандализирале подрачната канцеларија на партијата,
кршејќи го предниот излог.
Датум, време и место на инцидентот: 18ти јануари, 3:00 часот наутро, во Струмица.
Извор на информацијата: Регионалниот медиум „Фама“.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, во овој инцидент немало директни жртви.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Две личности. Едниот бил познат на сопственикот на објектот и неговиот идентите е
пријавен на надлежните.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент мотивот на прис-
трасност е политичката припадност и политичките убедувања, а индикаторите на пристраност се:
1. Метата/Перцепцијата на сведокот – Метата е подрачната канцеларија на најголемата опозициска
партија, сведокот го доживува инцидентот како обид за заплашување.
2. Зачестеност на инцидентот – Фактот што на овој инцидент му претходел сличен таков, неколку
недели претходно.
Статус на случајот: Истрагата е во тек.
Одговор на надлежните власти: Полицијата веднаш реагирала и ја извршила увид на местото.
Според сопственикот на продавницата, полицијата не го обезбедила објектот на кој била
причинета штета, и покрај неговите барања за тоа. Истрагата е во тек.