април 4, 2019

Охриѓанец преку Facebook поттикнувал омраза

Инцидент
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Што се случило: СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д. (45) од Охрид поради постоење основи на
сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски
систем“. Тој, на 04.04.2019 година на социјалната мрежа Facebook, преку неговиот профил ширел расистички и
ксенофобичен пишан материјал со што промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација или насилство, кон
одредена група, претставници на една политичка партија

Датум, време и место на инцидентот: 04.04.2019 Facebook, Охрид
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (Член
394-г, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) познат сторител, Р.Д. (45) од Охрид
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1 .Етничкото потекло – сторителот ширел говор на омраза против различна етничка заедница.
2. Начин на сторување – многу често социјалните медиуми особено Facebook се користи како простор за
сторување на ваков вид инциденти

Статус на случајот: поднесена кривична пријава
Одговор на локалните власти: Сторителот бил привреден и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок
за кривично дело по член 394-г од КЗ. Кривичното дело е квалификувано како дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Охрид, Северна Македонија
Име на Локација
Охрид, Северна Македонија

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие веднаш го забележаа инцидентот
Охриѓанец преку Facebook поттикнувал омраза image

Кривични дела

Против слободите и правата
Криминална закана
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност Религија или уверување Политичка припадност