Што се случило: Непознати сторители провалиле во „Црквата Св. Анастасиј и Св. Петка“, осквер-
навиле неколку надгробни камења и го оштетиле знакот што покажува кон селската црква.
Датум, време и место на инцидентот: 12 јануари, инцидентот бил пријавен во 08.20 часот. Местото
на инцидентот е „Црквата Св. Атанасиј и Св. Петка“ во Волково.
Извор на информацијата: Националниот медиум „Пресс24“ (Press24).
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјална штета, во овој инцидент нема други директни жртви.
Вид на кривично дело(а): Сквернавење на гроб, чл. 400 од Кривичниот закон (КЗРМ), поттикнување
на омраза, раздор и нетолерација врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска
основа (чл.319).
Сторител(и): Непознати.
Краток опис на инцидентот со индикатор за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е верската припадност и вероисповедта, а индикаторот на пристрасност е:
1. Местоположбата на инцидентот – Православна христијанска црква.
Статус на случајот: Инцидентот бил пријавен на локалните власти.
Одговор на надлежните власти: Истрагата е во тек.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Овој инцидент е еден од многуте ициденти што се
случија во тој период на годината што го доведува во прашање етничкиот соживот помеѓу двете
најголеми заедници во земјата.