Што се случило: Со недолична и провокативна содржина осквернавен е Споменикот на револуцијата во
центарот на Тетово посветен на борците од НОБ. На него потпишана е и навивачката група на Шкендија
– „ Балисти“, а го има напишано и денешниот датум кога овој клуб во вечерните часови, планира да ја
прослави шампионската титула во Првата фудбалска лига.
Датум, време и место на инцидентот: 21 мај, во вечерните часови, во центарот на Тетово.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ)
Сторители: непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – претходно исто така се регистрирани случаи на уништување или
оштетување на споменици од НоБ
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.