Што се случило: Возилото „Мини Купер“ на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец синоќа околу 23.00
часот било опожарено од непознати сторители. Локвенец вчера беше во Преспа на потпишувањето на
Договорот меѓу Северна Македонија и Грција.
Датум, време и место на инцидентот: 17 јуни, околу 23 часот, Во Прилеп.
Извор на информации: електронски медиум сител.мк, дневен весник Нова Македонија, дневен билтен
на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна,
верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ на РСМ), Предизвикување на општа опасност
(Член 288, КЗ на РСМ)
Сторители: повеќе непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти од пред неколку
месеци, кога граѓани протестираа пред домот на овој пратеник
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР се наведува дека се преземаат
мерки за откривање на сторителот и дека случајот е пријавен кај ОЈО.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
политичка и безбедносна состојба во земјата.