март 19, 2018

Опожарена викенд куќа на советник на ВМРО-ДПМНЕ

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Викедницата на советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Прилеп, Петар Ристески,
е опожарена од како што се сомнева самиот тој подметнат пожар. Советникот за пожарот дознал од
полицијата.

Датум, време и место на инцидентот: 19 март, околу 22:30 часот, викендица во Прилепско.
Извор на информации: Електронски медиум фокус.мк.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Предизвикување на општа
опасност (Член 288, КЗ на РСМ)
Сторители: еден сторител кој е идентификуван.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР за овој случај воопшто нема
дополнителни податоци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и политичката стабилност.

Адреса
Општина Прилеп, Северна Македонија
Име на Локација
викендица во Прилепско

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана
Име на Локација
Дома
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Опожарена викенд куќа на советник на ВМРО-ДПМНЕ image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Националност Етничка припадност Политичка припадност