јули 4, 2015

Ограбен сириски мигрант (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: Еден маж украл два ранци кои му припаѓале на еден Сириец додека чекал да ја
изјасни својата намера за барање азил.

Датум, време и место на инцидентот: 4 јули, 18:00 часот, Градски парк, Гевгелија.
Извор на информации: Дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Еден Сириец.
Вид на злосторства: „Кражба“ (член 235, КЗ на РМ).
Сторители: Еден сторител, машко лице.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвата се разликуваат;
жртвата е припадник на група (сириски мигрант) која е убедливо помалобројна од припадници на
друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Инцидентот е пријавен кај локалните власти.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Сепак, тие известија преку медиумите дека преземаат неопходни мерки за расветлување на овој
случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
Градски парк, Гевгелија
Име на Локација
Градски парк, Гевгелија

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Ограбен сириски мигрант (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Националност Етничка припадност