Што се случило: Еден мигрант од Мароко бил ограбен од страна на двајца непознати сторители
во близина на селото Грчиште, Валандово. Најпрвин, сторителите се понудиле да го одвезат до
границата, по што го удриле по главата во возилото и му побарале пари одземајќи му 400 евра.
Датум, време и место на инцидентот: 25 декември, 13:00 часот, во близина на селото Грчиште,
Валандово.
Извор на информации: Електронски медиум Макфакс.
Инволвирани жртви: Еден Мароканец.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Сторители: Двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвата се разликуваат;
жртвата е припадник на група (марокански мигрант) која е убедливо помалобројна од припадници
на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Сепак, тие известија преку медиумите дека преземаат неопходни мерки за расветлување на
случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.