Што се случило: На 02.07.2018 година во 09,40, часот полициски службеници од Полициската станица
за Граничен надзор „Михајлово“ на автопат Неготино-Градско во близина на „Стоби“, забележале
две лица-мигранти од Авганистан. Со истите бил извршен разговор и тие изјавиле дека пред два дена
илегално пеш ја преминале грчката граница. Мигрантите ориентирајќи се по пругата, на 02.07.2018
година во 07,00 часот во близина на железничката станица во Неготино биле пресретнати од страна
на четири лица и над нив било извршено разбојништво, при што, по нивно кажување им биле одземени
700 евра и два мобилни телефони. Од страна на полициските службеници мигрантите се предадени
на полициски службеници од Полициската станица Неготино, за понатамошна постапка. Се работи на
целосно расчистување на случајот
Датум, време и место на инцидентот: 02.07.2018 година во 07,00 часот во близина на железничката
станица во Неготино
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: две лица бегалци/мигранти.
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237 КЗ на РСМ),
Сторители: повеќе непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е тоа што
жртвите се мигранти а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата се мигранти бегалци;
2. Модел на претходни инциденти – напади на мигранти особено покрај пруга или пат се регисрирани
и претходно
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затварње на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР. (Добиен
одговор во Јануари, поднесена кривична пријава против непознати лица по член 237 од КЗ- Разбојништво
и се работи на целосно расчистување на случајот).
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање безбедноста на
лицата мигранти и бегалци кои транзитират низ нашата земја.