Што се случило: На 01.08.2018 година околу 16,30 часот било пријавено дека кај железничката постојка
во близина на с.Виничани-велешко, четири непознати лица кои биле со патничко моторно возило “Опел
астра“ извршиле разбојништво над Т.К. (22) од Пакистан, кој се движел по пругата, при што му одзеле
околу 150 евра и 6.000 денари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес и се
работи на целосно расчистување на случајот.
Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против А.С.(27), Р.М.(28), М.П.(28) и С.Е.(23)
сите од Градско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. Имено
на01.08.2018 година околу 16,30 часот во село Виничани-велешко, кај железничката постојка, пријавените
кои биле со патничко возило “Опел Астра“ со употреба на физичка сила, извршиле разбојништво над Т.К.
(22) од Пакистан и му одзеле околу 150 евра и 6.000 денари.
Датум, време и место на инцидентот: 01.08.2018 година околу 16,30 часот, во близина на с.Виничани-
велешко
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Едно лице, мигрант.
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237 КЗ на РСМ)
Сторители: 4 идентификувани сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е статусот на
мигранти/бегалци, тоа што жртвите се мигранти а пристрасните индикатори се:
1. Статус на мигранти/бегалци – жртвата се мигранти бегалци;
2. Модел на претходни инциденти – напади на мигранти особено покрај пруга или пат се регисрирани
и претходно
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Поднесена кривична пријава под КУ бр.303/18 од СВР Велес.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање безбедноста на
лицата мигранти и бегалци кои транзитират низ нашата земја.