Што се случило: Ноќта помеѓу 29.03 и 30.03 непознати сторители ја ограбиле црквата во с. Вратница Тетово, при што го украле бакарниот покрив и накит. Случајот е пријавен во СВР Тетово и се работни на негово расчистување.
Датум, време и место на инцидентот: Ноќта помеѓу 29.03 и 30.03.2019 с. Вратница, Тетово.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум https://vecer.press/%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D1%86%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%BE/
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РМ)
Сторители: еден сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е религија и верска припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Религија– стоиртелот е со поинаква вероисповест.
2. Начин на сторување на делото – и претходно на ваков начин се уништувале религиозни објекти
3. Локација- во овој дел од земјата и претходно се регистрирани вакви случаи
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу припадниците на разлзични религии во општеството.