Што се случило: Непознати сторители го обиле партискиот штаб на СДСМ во Штип и направиле
значајна материјална штета, по што ја претуриле и изнеле целата партиска документација.
Датум, време и место на инцидентот: 10 мај, околу 23:50 часот, партиски штаб на СДСМ во Штип.
Извор на информации: Електронски медиум Мета Новинска агенција.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на најголемата опозициска партија;
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека за настанот веднаш
бил известен Јавен Обвинител и бил извршен комплетен увид на местото на настанот, по што од
страна на СВР Штип била поднесена кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство Штип
за кривично дело „Тешка кражба“ казниво по чл.236, ст.1 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.